Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Објавен повикот за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

Охрид, 2. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид го објави јавниот повик за поднесување на барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.

Субвенционирањето на трошоците се однесува за цела 2023 година, односно од 1-ви јануари до 31-ви декември.
Согласно програмата за социјална заштита во буџетот на општина Охрид за оваа намена се предвидени 1.500.000 денари.

Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 703 денари месечно, за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненети:

Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 320 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
• Покривање на трошоците за спроведување на отпад до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
• Покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
• Покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина до 83 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата.

Условите за аплицирање и пријавата се достапни на општинската веб страница.

Заинтересираните лица своите барања за субвенционирање можат да ги достават во затворен плик, лично во архивата на општина Охрид или по пошта на адреса: Општина Охрид, ул.Димитар Влахов бр.57 Охрид, со назнака (Јавен огалс за субвенционирање на трошоци за комунални услуги). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука