Избор Локална самоуправа

Амбасадорката на Хрватска во Република Македонија Нивес Тигањ во посета на Општина Охрид

Охрид, 2. февруари 2923 (ОХРИДПРЕС) – Во работна посета на Општина Охрид, денес престојуваше амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, Нивес Тигањ.

– Беа разгледани повеќе теми и области за соработка помеѓу Охрид и Хрватска. Амбасадорката Тигањ ја изрази неподелената и искрена поддршка на Хрватска за Македонија во нејзините напори за приклучување на Европската Унија и понуди стручна помош во разговорите што Македонија ги има со европските институции. Во вториот дел од средбата се приклучија и професорките од Факултетот за Туризам и угостителство од Охрид Иванка Несторовска и Вера Караџоска, директорот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Горан Симоноски и претставници на општинската администрација. Во кратката дискусија беа разменети мислења за досегашната соработка со Хрватските градови, компании, образовни и културни институции, а беа изнесени предлози за подобрување и продлабочување на истата. Во таа насока беше идејата за воспоставување на чартер линија помеѓу Охрид и Дубровник, заеднички настап во промоција на Македонија и Хрватска и изнаоѓање начини за подобра економска поврзаност и соработка со хрватските компании, информираат од Општина Охрид.

Додаваат дека во наредниот период се очекува дел од изнесените предлози да добијат и конкретна форма, што ќе резултира со поголема поврзаност со пријателска Хрватска и хрватскиот народ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука