Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Учениците Константин Шарковски и Филип Нелоски од ООУ „Св. Климент Охридски“ се пласираа на математички маратон во Србија

Охрид, 3. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во конкуренција од 1.500 ученици од регионот, учениците Константин Шарковски и Филип Нелоски од 6-то одделение при ООУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид, под менторство на наставничката м-р Билјана Шуминоска се пласираа на математички маратон, кој се одржа во соседна Србија.

Математичкиот маратон е организиран во рамките на „Математичка академија“ во организација на врвни математичари од Србија.

– На овој натпревар од нашето училиште зедоа учество и Петар Илчески од 6-то одделение и Димитар Велкоски од 8-мо одделение. На сите ученици им честитаме за успехот, информираат од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука