ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: „From zero to български hero“ приказната останува ТОП тема во охридската јавност

Охрид, 8. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Информациите за односите помеѓу Република Македонија и Бугарија, особено оние кои се поврзани со Христијан Пендиков, кој од тотално непознато момче од Охрид, па ете нека бил и секретар на некој клуб и спомнат во некој Полициски билтен, успеа да застане рамо до рамо со претседателот на Бугарија Румен Радев и потпретседателката Илијана Јотова, остануваат ТОП тема во охридската јавност.

Дали можете да замислите ситуација во која денеска, лето Господово 2023, кога се’ е PR и односи со јавност, еден претседател на држава би се фотографирал со некој кој е поврзан по било кој основ со дрога. Па ете, таа држава нека е и Бугарија со толку растеглив однос кон правото и селективна историска меморија.

Тешко дека би можеле.

Оваа „from zero to български hero“ приказна е постојано во медиумите, а разбирливо предизвикува и бројни реакции од граѓаните.

Дел од нив апелираат на разум и смирување на страстите, но забележителен е поголемиот дел каде се изнесуваат силни осуди врз младите плеќи на „евакуираниот“ Христијан, кој со два броја поголемо одело од „братјата“ доби заштита, стан, пари и државјанство. Меѓу коментарите ја има и традиционалната охридска луцидност и уште повеќе обиди за истата, а декор во коментарите се и бугарските „ботови“ од кои полека успеваме да се ослободиме.

Генерално, читателите на OhridPress се свесни за големината на проблемот и апелираат да се изнајде брзо решение и да се спречи можната ескалација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука