Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Почина легендарниот тренер Мирослав Чиро Блажевиќ

Загреб, 8. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Утрово во Загреб почина Мирослав Чиро Блажевиќ, легендарниот тренер на Хрватска. Почина на 88-годишна возраст по долга борба со ракот.

Болеста му беше дијагностицирана во 2011 година, а веќе два пати успеа да ја победи. За жал, не и третиот. Тој почина два дена пред неговиот 88-ми роденден.

Роден е во 1935 година како осмо и најмало дете на Катарина и Мате Блажевиќ. Играше фудбал до 31 година во Мутиер, Швајцарија, кога реши да стане тренер.

Шест години беше „тренерот на сите тренери“, како што го нарекуваа, ја водеше Хрватска и оствари 36 победи, 22 нерешени и 15 порази.

Последен пат како тренер работеше во Задар во 2014 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука