Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Фото вест: Еден долу, еден горе

Охрид, 8. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress испратија прекрасна фотографија до нашата редакција на која се гледаат два пловни објекти од кои едниот е потонато кајче во плитките делови на езерото, а другиот е прекрасна јахта закотвена на неколку десетици метри од брегот.

– Еден долу, еден горе, стои во коментарот на фотографијата направена на потегот пред пицеријата „Стационе“.

И покрај ладното време и исклучително ниските утрински температури, кои се спуштија и до -8 степени Целзиусови, денеска сепак имаме прекрасен ден во Охрид, ладен, но сончев.

Според метеоролозите, максималната температура ќе се искачи до 0. степени.

– До викендот времето ќе биде стабилно и многу студено. За време на викендот ќе настапи зголемување на облачноста и во недела претежно во северните делови ќе има услови за појава на слаб снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука