Охрид, 8. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – И оваа година бројни училишта, институции, клубови и поединци во Охрид со силна поддршка на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, која годинава го има своето петто, јубилејно издание.
Самуиловата тврдина, но и бројни училишта, институции и спортски клубови се обоени во боите на ретките. Бројни охриѓани, но и лица од целата држава ги бојат дланките во знак на поддршка на кампањата.
Младинската организација при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид изработи и пригодно видео во знак на поддршка.
Кампањата започна на 1. февруари и ќе трае до крајот на месецов, кога секој ден се претставува по една ретка болест, со што се прави обид пред јавноста и институциите да се крене гласот кон проблемите со кои се среќаваат лицата со ретките болести и нивните семејства.
ООУ „Јосип Броз Тито“ – Струга
Градски Кошаркарски Клуб Охрид
Младите шахисти од клубот „Ласкер“
Годинашната сезона е посветена на здравствените работници кои изминативе сезони помогнаа со нивните стручни совети, предлози, пишување текстови, ревидирање на материјали во реализација на кампањата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива