Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за жител на струмичкото село Секирник поради коментар на Facebook со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство

Охрид, 8. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишниот Н.П. од струмичкото село Секирник, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

– Тој, по објава од еден портал на социјална мрежа Facebook, постирал коментар со недолична и заканувачка содржина со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука