Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за референт во ЈП „Национални шуми“ кој овозможил противправна продажба на буково огревно дрво

Струга, 8. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 54-годишниот Б.Ц. од струшкото село Октиси, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.

– Тој, во својство на службено лице референт по сеча и дотур во ЈП „Национални шуми“- Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ Струга, на 1. ноември 2022 година, изготвил испратница со невистинита содржина, ја заверил со службен печат, внесувајќи во неа невистинити податоци за бесправно исечено огревно дрво. Со тоа, пријавениот им овозможил на физички лица од Струга продажба на буково огревно дрво и противправна имотна корист од 40.000 денари, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука