Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Жител на струшко Ложани ја оштетил фирмата во која работел за над 225 илјади денари

Струга, 8. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 32-годишниот Т.С. од струшкото село Ложани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

– Во периодот од 2-ри јуни до 9-ти август 2022 година, пријавениот, вработен во приватна фирма како локален дистрибутер, противправно присвоил парични средства во износ од 225.105 денари и за тој износ ја оштетил фирмата, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука