Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Пријави за лица од Пештани и Охрид поради незаконит риболов и лажно пријавување на кражба

Охрид, 8. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61-годишниот З.В. од селото Пештани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „незаконит риболов“ и „лажно пријавување на кривично дело“ и против 50-годишниот Г.М. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“.

– На 2-ри јули 2022 година, во селото Пештани, полициски службеници ги затекнале пријавените како со пловен објект излегуваат од Охридското Езеро, а при извршениот преглед пронашле и одзеле четири рибарски мрежи и повеќе парчиња риба. Исто така, првопријавениот, на 3-ти јули 2022 година лажно пријавил кривично дело „кражба“, изјавувајќи дека неговото кајче е украдено, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука