Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 1. степен

Охрид, 9. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес многу студено утро со температура до -8 степени, а преку денот се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 1. степен.

– Ќе продолжи периодот на стабилно и студено време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег ќе има во недела, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука