Забава Избор

SUPER Fresh music: Coi Leray – Players

Охрид, 10. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Минатата година Coi Leray го сврте вниманието на музичката сцена врз себе, откако нејзиниот деби албум „Trendsetter“, дебитираше на 89-то место на престижната Billboard 200 листа.

Доби силна поддршка од познати музичари како 50 Cent и Nicki Minaj, а сега да ужива во успехот на нејзиниот најнов сингл и Hot 100 хит „Players“.

– Имам само 25 години и секако дека не знам се’. Ја прифаќам критиката, дури и негативната. Може да се научи и од неа многу, вели младата музичарка, пред која е секако светла иднина, затоа што во моментов е во студио и работи на нејзината нова музика со Pharrell.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука