Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Започнува плејофот во ракометната Супер лига, „гладијаторите“ гостуваат кај Еурофарм Пелистер 2

Охрид, 11. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридските ракометари денеска ги започнуваат натпреварите од плејофот во Супер лигата.

ГРК Охрид во првото коло гостува во Битола кај Еурофарм Пелистер 2. Во екипата владее добра атмосфера и оптимизам за позитивен резултат.

– Не чека тежок натпревар. Екипата е составена од млади, потпомогнати од поискусни ракометари. Во преодниот рок Еурофарм Пелистер 2 направи промени во составот и не знаеме со што располагаат во моментов. Ме радува нашата форма од подготвителниот дел и физичката подготвеност на екипата. Очекувам максимална борба од моите соиграчи и се надевам на позитивен исход од натпреварот, вели Стефан Дрогришки, кој во зимскиот преоден рок дојде во Охрид.

Натпреварот ќе се одигра во салата „Боро Чурлески“ во Битола, од 18:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука