Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

На Универзитетот „Св. Апостол Павле“ се одбележа Интернационалниот ден на жените и девојчињата во науката

Охрид, 11. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Веќе четврта година по ред Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, го одбележува 11-ти февруари, Интернационалниот ден на жените и девојчињата во науката.

Проректорката проф. д-р Устијана Речкоска- Шикоска и професорки, дипломки и студентки ја потенцираа важноста на присуството на жените и девојчињата во науката. Преку пренесените факти и искуство ги поттикнаа присутните, пред се’ ученици од гимназиите и стручните училишта во Струга и Охрид, подетално да се заинтересираат и информираат што би значело студирање на некој од факултетите при универзитетот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука