Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за лице од Охрид, во чиј дом во Лабуништа полицијата пронајде ловна пушка без дозвола

Струга, 11. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници на ОВР Струга го лишија од слобода е 35-годишниот Г.А. од Охрид.

– При претрес извршен со судска наредба, во неговата викенд куќа во струшкото село Лабуништа, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една ловна пушка марка „Црвена застава“, што нелегално ја поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука