ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Три камиони со помош од Охрид и регионот заминаа за настраданите подрачја во Туркије и Сирија

Охрид, 12. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани и жителите од поширокиот охридско-струшки регион масовно се одзваа на повикот на градската филијала на Младинското волонтерско здружение на Турците „ТГА“, за собирање помош за настераданите подрачја во катастрофалниот земјотрес во Туркије и Сирија.

За само неколку дена се собрани три шлепери помош во храна, вода, облека, средства за хигиена, ќебиња, покривачи, пелени… Камионите со собрана донација заминаа за Гостивар, каде помошта ќе биде претоварена во возила на Светската кампања за помош при земјотреси, од каде ќе замине за турскиот град Ипсала, од каде помошта се дистрибуира во погодените подрачја, јави МИА.

Младите волонтери од организацијата им заблагодарува на сите сограѓани на Охрид кои се вклучиле во кампањата за помош.

– Горди сме што живееме сплотено и се помагаме меѓусебно во најтешките моменти. Искажуваме благодарност до сите граѓани на Охрид, Струга, Лабуништа, Подгорци, Дебар и Прилеп кои како и секогаш, така и сега, ја покажаа својата хуманост и солидарност со донација на потребна помош за настраданите од земјотресот, велат младите волонтери од „ТГА“. (Крај)

извор: МИА фото: МИА

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука