Избор Македонија Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

На „Ќафасан“ приведени две лица од Албанија, запленети 232 парчиња охридска белвица

Струга, 12. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – По претходно преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал Струга и Полициската станица за граничен премин „Ќафасан“, денеска, 12-ти февруари 2023 година, на излез од државата ги привеле 22-годишните Х.Ф. и Ч.Е., двајцата од Република Албанија.

– При контрола во патничко возило марка „Шкода”, со албански национални ознаки, биле пронајдени 232 парчиња охридска белвица кои биле предмет на недозволена трговија од Република Македонија кон Република Албанија. Х.ф. и Ч.Е. се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука