Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Серија на стручни предавања на учениците од СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ на Факултетот за туризам и угостителство

Охрид, 13. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На охридскиот Факултет за туризам и угостителство (ФТУ) се одржаа серија на стручни предавања на учениците од СОСУ „Св.Кирил и Методиј“.

Предавањата се резултат на долгогодишната соработка помеѓу овие две институции, иницирана од страна на проф. д-р Александар Трајков и проф. Горан Попоски.

Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат и внатре

– Предавањата беа одржани од страна на доц. д-р Бојан Србиноски и проф. д-р Александар Трајков, а паралелно, деканот на ФТУ – Охрид проф. д-р Снежана Дичевска оствари средба со претставници на училиштето на која беа договорани и други форми на соработка, информираат од ФТУ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука