Избор Локална самоуправа

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и Правниот факултет од Кичево

Охрид, 14. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид претставувана од градоначалниот, д-р Кирил Пецаков и Правниот факултет од Кичево, единица на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола претставувана од деканот проф. д-р Светлана Вељаноска, денеска потпишаа меморандум за соработка.

– Целта на меморандумот е воспоставување на долгорочна научно-стручна, образовна и апликативна соработка помеѓу двете институции. Меморандум предвидува соработка во едукативни процеси преку ангажирање на експерти од практиката за реализација на практична настава за студентите и учениците во зависност од расположливите можности, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука