Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Градоначалникот Пецаков изврши обиколка на градежните активности во Основните училишта во Охрид

Охрид, 14. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Градоночалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков, со својот тим изврши обиколка на градежните зафати кои се реализираат во основните училишта на територија на Општина Охрид.

Од локалната самоуправа информираат за извршените зафати:

– Во ООУ „Григор Прличев“ во Рача се изврши адаптација и реконструкција на санитарните јазли. Вредноста на овој зафат изнесува 179.773 денари.

– Во ООУ „Братство Единство“ Лескајца се изведе нова електрична инсталација во вредност од 824.188,00 денари и се реконструираја тоалетите во вредност од 1.313.600 денари. Тука се изврши и санација на водоводна и одводна мрежа во износ од 624.173 денари.

– Во ООУ „Кочо Рацин“ Лакочереј се изврши оградување на дврот со жица во вредност од 40.000,oo денари, потоа се изврши нивелирање на подовите во тоалетите во вредност од 100.000,oо денари и се променија одводните и доводните цевки во вредност од 30.000 денари.

– Во ООУ „Ванчо Николески“ Косел се реконструираа тоалетите во вредност од 461.052,oo денари и се изгради настрешница во вредност од 65.000 денари.

– Во ООУ „Ванчо Николески“ Куратица се реконструираа олуците во вредност од 90.000 денари.

– Во ООУ „Ванчо Николески“ Лескоец се реконструира влезот на училиштето во вредност од 60.000 денари.

– Во ООУ „Св. Наум Охридски“ Пештани се изврши молерисување и санација на ѕидовите во вредност од 70.000 денари.

– Во ООУ „Св. Наум Охридски“ Коњско се промени внатрешната дограма во вредност од 50.000 денари.

– Во ООУ „Живко Чинго“ Велгошти се огради училишниот парк и се постави влезна врата во вредност од 215.000 денари.

– Вкупно во овие основни училишта до сега се инвестирани околу 3.298.598 денари средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Во изминатиов период или во моментов речиси во сите образовни институции се вршат градежни зафати, информираат од локалната самоуправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука