Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Диско „Палас“, времето кога имавме толку малку, а сепак имавме се’

Охрид, 15. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Како мал „одмор“ од информациите за односите помеѓу Република Македонија и Бугарија, особено оние кои се поврзани со Христијан Пендиков, една убава вест деновиве се избори помеѓу најчитаните на Facebook профилот на OhridPress.

По првото од пред околу еден месец, охриѓанецот Љупчо Стојкоски- Лепи, на неговиот профил на Facebook објави уште едно ретко видео од маскенбал во култната дискотека – Диско „Палас“ во Охрид, кој според датумот на видеото се одржал на 5-ти ноември 1992 година.

Диско „Палас“ и подоцна „Парадизо“ се едни од најзначајните места во ноќниот живот во Охрид низ годините, лоцирани во центарот на градот во склоп на некогашниот хотел „Палас“.

Многу од читателите на OhridPress се пронајдoа во видеото, кое е снимено пред повеќе од 30 години и е редок и прекрасен доказ на едно убаво време. Дел се препознаваат на видеото, а дел се сеќаваат на едни убави и опуштени времиња кога имавме толку малку, а сепак имавме се’. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука