Избор Локална самоуправа

Се асфалтираше патот Охрид – село Орман, кај Алтанин мост

Охрид, 25. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одвиваа градежни активности за асфалтирање на патниот правец Охрид – село Орман, на потегот кај Алтанин мост.

– Оваа делница беше оценета од страна на службите како критична и веднаш се пристапи кон санација, информираат од Општина Охрид.

Додаваат дека од понеделник активностите за асфалтирање продолжуваат на улицата „Никола Петров Русински“, во урбаната заедница Воска, Далјан. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука