ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Бугарската Бтв сними филм за Христијан Пендиков – „Бугарин во С. Македонија“

Софија/Охрид, 25. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Бугарската телевизија Бтв за најави емитување на филм со наслов „Бугарин во С. Македонија“.

Во најавата, како што пренесе 360 Степени, не се наведува дали станува збор за документарец, но според објавени исечоци, во него има сведоштва на граѓани на Македонија кои се декларираат со бугарска самосвест, меѓу нив е и Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис III“.

– По серијата вандализам во Македонија и тепањето на Христијан Пендиков, екипата на Бтв е на пат кон нашиот југозападен сосед да дознае – има ли омраза кон Бугарите таму. Ќе ве запознаеме со неколку мажи, родени и израснати таму, но кои велат дека се Бугари, а со тоа и жртви на насилство, стои во најавата на Бтв.

За првпат, велат, јавно ќе зборуваат двајца браќа од Охрид кои биле приведени по нападот на Пендиков.

Филмот, според најавата, го снимале една репортерка и еден снимател. (Крај)

извор: 360 степени/Бтв фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука