Забава Избор

Врвен викенд во клуб Rebel: Петок со Strajk & Dj Oky Doky, сабота со Mary J

Охрид, 26. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Забавата овој викенд во Охрид започнува со настапите на Strajk & Dj Oky Doky во петок, на 3-ти февруари во клуб Rebel.

Васил Димовски aka Strajk е македонски рап артист, Dj и графити артист, член на рап групите Легијата и СТР2, како и соло изведувач. Активен е на музичката сцена уште од 1997 година, како еден од основачите на Легијата, и еден од првите артисти кои сорабутаваа со Шурикен Рекордс. Неговата музика е препознатлива по нејзиниот underground уличен стил во кој тој често обработува сурови теми од уличниот живот.

Најдоброто од Hip Hop и R&B битовите истата вечер продолжуваат со Dj Oky Doky кој ќе понуди урбани вибрации за уште една незаборавна вечер на број 1 подиумот во Охрид.

Во сабота, на 4-ти март сите во Rebel на забава со Mary J.

Обезбеден паркинг за сите, а забавата започнува во 23:59 часот. Телефон за дополнителни информации и резервации ++38979230912.

Овој викенд, клуб Rebel е местото каде треба да бидете. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука