Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд и температура до 12. степени

Охрид, 27. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 12. степени.

– Под влијание на циклонска активност во текот на следнава седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Утре локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука