Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид изминатите 24 часа наврнаа 14 литри на м² воден талог

Охрид, 27. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охрид меѓу градовите каде изминатото деноноќие наврна најмногу дожд.

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), во Дебар наврнале 18, додека во Охрид наврнале 14 l/m² воден талог. Следуваат Лазарополе со 13, Претор 10, Крушево и Берово по 8, во Битола и Прилеп по 7, Пожаране и Тополчани 6, 5 Куманово, 4 Скопје – Зајчев Рид, Виница, Крива Паланка, 3 Скопје – Петровец, Штип, Ѓуриште, 2 Тетово, 1 Демир Капија, Попова Шапка.

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 12. степени.

– Под влијание на циклонска активност во текот на следнава седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Утре локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука