Економија Избор ТОП ВЕСТИ

Денеска започнува со работа Ecowash, новиот член на семејството на Cleanex Professional – Сервис за хигиена

Охрид, 27. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска започнува со работа Ecowash, новиот член на семејството на охридската компанија Cleanex Professional – Сервис за хигиена.

– Ecowash претставува сервис за хемиско чистење на секаков вид текстилни производи, специјализиран за третман на секаков вид дамки и од најделикатни матријали. Во делот на услугите ќе нуди, третман на дамки на смокинг одела, фустани, венчаници, јакни, џемпери… Со најнова технологија и еколошки хемиски средства, избегнувајќи го традиционалниот начин на хемиско чистење. Исто така Ecowash ќе нуди услуги за стандардно водено перење на секаков вид веш и облека, јоргани, ќебиња, јамболи и разни прекривки, информираат од компанијата.

Преку Ecowash, услугите на добропознатиот Cleanex Professional, ќе бидат уште поблиску до Вас. Лоциран е на булевар „Туристичка“, Л2. локал 1, веднаш до Градскиот пазар, кај автобуската постојка за Струга. Телефон за информации 076/484-466.

Од денеска, Ecowash by Cleanex Professional – Сервис за хигиена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука