Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Пријава за вработен во НП „Галичица“ кој дозволил бесправна сеча на 377 стебла

Охрид, 27. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63-годишниот К.С. од охридското село Љубаништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

– Во текот на 2022 година, пријавениот, како вработен во Националниот парк „Галичица“, ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што на катастарски парцели во владение на Национален парк „Галичица“ свесно дозволил бесправна сеча на 377 стебла и со тоа се стекнал со противправна имотна корист во износ од 114.150 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука