Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд и температура до 13. степени

Охрид, 28. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди и услови за врнежи од дожд попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 13. степени.

– До крајот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има денес од попладне и преку ноќта кон среда, а потоа и на крајот од работната седмица, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука