Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

„Гладијаторите“ утре дома го пречекуваат Алкалоид

Охрид, 2. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на ГРК Охрид утре пред нов плеј-оф предизвик.

На домашен терен ја пречекуваат екипата на Алкалоид. „Гладијаторите“ најавуваат голема борба во текот на целиот меч. Со поддршка на верната публика бодовите да останат во Охрид!

– Екипата на Алкалоид е составена од млади и неколку искусни играчи, предводена од македонскиот селектор Кире Лазаров, која е желна за докажување. Тоа за нас е мотив плус. Најавуваме борба во текот на сите 60 минути за да извојуваме победа пред охридската публика. Ги повикувам љубителите на ракометот и навивачката група „Рибари“ да дојдат во што поголем број и да уживаат во натпреварот, вели пикерот Иван Тасески.

Можно е да е слика од 1 лице и текст кој вели „" yhuame Bo петок ни доага екипата на алкалоид составена од млади и неколку искусни играчи, предводена од македонскиот селектор кире лазаров, koja за докажуване. желна Toa за нас e мотив плус. најавуваме борба BO текот на сите 60 минути за да извоуваме победа пред охридската публика. ги повикувам лубителите на ракометот и навивачката група рибари да доддат BO што поголем poj и да уживаат BO натпреварот. 19 иван тасески Vs алкалоид петок, 03.03'23 23 @ 20:00 ч. сала „билланини извори" -охрид“

Едно од најголемите засилувања за охридскиот состав во зимскиот преоден рок, Стефан Дрогришки се надева дека ќе ги оправдаат очекувањата на публиката и ќе победат.

– Во Алкалоид играат голем број македонски репрезентативци Сигурен сум дека нема да ни недостасува мотивација кај нашата екипа. Ние имавме еден лош наптравар во Кавадарци, па се надевам дека ќе ги оправдааме очекувањата на публиката и дека можеме да стигнеме до победа на овој натпревар, вели Дрогришки.

Можно е да е слика од 1 лице и внатре

„Гладијаторите“ во пресрет на натпреварот се соочуваат со проблеми, на повреди се жалат двајца играчи, со што значително е намален ростерот на охридскиот суперлигаш. Левиот бек Даниел Андоновски има повреда на лакто, додека Абдерахим Боудрали, кој исто така игра на позицијата лев бек, го повреди коленото.

Натпреварот со Алкалоид ќе се одигра утре во салата „Билјанини извори“ од 20:00 часот, а цената на влезниот билет е 100 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука