Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Крводарителска акција во СВР Охрид

Охрид, 3. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во тек е крводарителска акција во просториите на СВР Охрид.

Наменета е за вработените во секторот, а добредојдени се и сите граѓани кои се во можност да ја покажат својата хуманост, да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот.

Денешната акција, која е во рамки на програмата за крводарителски акции на Црвен крст Охрид за 2023 година, ќе трае до 13:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука