Избор Култура

Никола Тодороски ќе гостува со стенд-ап комедија на фестивалот „Гола Месечина“

Никола Тодороски ќе гостува со стенд-ап комедија на фестивалот „Гола Месечина“
Охрид/Скопје, 22. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – На 30-ти јуни, вторник, во рамките на Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“ кој се одржува во Скопје, со стенд-ап комедија ќе се претстави охридскиот комичар Никола Тодороски.

Тодороски ќе има целовечерен настап со нови стенд-ап скечеви. Истата вечер е и затворањето на фестивалот, со свеченото доделување на наградите.
На фестивалот учествуваат театри од Скопје, Велес, Струмица, Прилеп и Босна и Хецеговина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука