Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Денес ќе биде доделена наградата за најдобра детска песна „Тоде“

Охрид, 7. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“ денеска на пригодна свеченост ќе ги додели наградите и ќе ги прогласи победниците на конкурсот за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“, во чест на поетот и писател за деца, Тоде Илиевски.

На конкурсот пристигнале вкупно 96 творби од исто толку автори. Жирито во состав: Горјан Петревски, Николина Андова Шопова и Живко Грозданоски, ќе ги издвои трите најдобри песни, за кои се предвидени и парични награди:

9.000 денари – I место;
6.000 денари – II место;
3.000 денари – III место.

– Денес навршуваат 71 година од раѓањето на Тоде Илиевски, поет и писател за деца и млади, хуморист, сатиричар, енигматичар, шаховски проблематист и воопшто, вљубеник во игрите. Самиот настан ќе има многу поезија, негова и на учесниците на конкурсот, а ќе може да се ѕирне и во неговата последна збирка за деца „Белиот предел“, велат од Креативна верига“.

Додаваат дека наградените песни и песните што ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат објавени во шестиот број на електронското списание „(е)Лит“.

Настанот ќе се одржи во просториите на Библиотеката „Григор Прличев“, со почеток во 13:00 часот, а истиот е организиран со поддршка од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука