Здравје Избор

Риба и морски плодови за подобрување на цревната микрофлора по третмани со антибиотици

Охрид, 7. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – За да ја подобри состојбата на цревната микрофлора по земањето антибиотици, треба да го промениме режимот на исхрана, барем еден месец. Истиот треба да вклучува повеќе риба и морски плодови.

Телото мора да закрепне по третманот со антибиотици. Ако страдате од гастроинтестинални заболувања или сте во состојба на хроничен стрес, цревата можеби нема да можат да се справат со оваа состојба толку лесно.

Еден од најефикасните начини да се вратиме во нормална состојба е во текот на првата и втората недела, да внесеме во исхраната намирници кои не ги иритираат цревата. Тие вклучуваат пилешко месо, риба и морски плодови, житарки, но не и пржена храна.

Во текот на третата недела, во менито може да се додадат свежи влакна – зеленчук и овошје, кои се главната храна за добрите цревни бактерии.

Во текот на четвртата недела, можете да внесете и ферментирана храна како кисела зелка, печурки и јогурт.

Ова е вистинска суперхрана која содржи поголеми количини на пробиотски бактерии. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука