Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Приведен жител на Радожда, баран со потерница за издржување затворска казна

Струга, 7. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти март 2023 година, во 14:20 часот, полициски службеници од ОВР Струга, со судска наредба, го лишиле од слобода 36-годишниот И.С. од струшкото село Радожда.

– Тој бил баран со потерница за издржување затворска казна, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа – Затвор Струга за издржување на казната, информираат од МВР.(Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука