Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Бочварски: Ако Пецаков не знае како, лично ќе му помогнам за поништување на одобрението за хотелот во Лагадин

Скопје/Охрид, 11. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Јавно ќе го повикам градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, нема потреба од манипулации, нема потреба од игра на двојни игри. Може да го отвори предметот на повторно разгледување во Општина Охрид, нешто што од него го побара и Комисијата за УНЕСКО. Тоа може да го направи по сите основи само не по овој основ за кој има пресуда од Управен суд.

– И доколку не знае како треба тоа да го направи, Министерството за транспорт, јас лично, службите во Министерството и сите правни тимови стоиме на располагање на Општина Охрид да помогнеме во понатамошните постапки со цел да дојде правдата во однос на овој објект, но и за секој друг објект каде што треба да помогнеме, му порача на првиот човек на Охрид министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на прес-конференција во Министерството.

Тој во детали го опиша институционалниот пат на одобрението за градење од 2016 година досега. Ја обвини Општината за двојни игри и ја предупреди дека за шест години можела да најде и друг основ за поништување на одобрението, но во ниту еден момент не спомена дека ветувања за овој објект даваше лично неговиот сопартиец Зоран Заев во периодот додека беше премиер. Заев во 2019 година на трибина во Охрид со граѓаните сподели дека си праќале приватни пораки со сопственикот на хотелот, кого го нарече „чичко Никола“ и кажа дека лично ќе се заземе хотелот да ги добие сите потребни дозволи и да си почне со работа.

Откако пред два дена ја најави, вчера на истата тема одржа прес конференција и градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, кој направи ретроспектива на целата документација и порача дека веќе не држи вода основата со која сите претходни градоначалници го поништувале одобренето за градба на хотелот во Лагадин, заради ненавремено започнување со градба, спротивно на одредбите од Законот за градење.

– Со оваа мериторна одлука на второстепената комисија завршува предметот и процесот за овој инвеститор, рече на вчерашната прес конферениција градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.

Тој потенцира дека во 2020 година општината има потврдено ништовно решение за одобрението за градба, од страна на втроостеоениот орган, а сега мериторно се носи одлука со која одобрението за градба од 2016 година добива на правосилност.

Сите детали ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука