ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Пецаков: По десет ништовни одобренија за градба на хотелот во Лагадин, сега се одлучи мериторно, со што одобрението за градење добива правосилност

Охрид, 10. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Веќе не држи вода основата со која сите претходни градоначалници го поништувале одобренето за градба на хотелот во Лагадин, заради ненавремено започнување со градба, спротивно на одредбите од Законот за градење.

– Со оваа мериторна одлука на второстепената комисија завршува предметот и процесот за овој инвеститор, рече на денешната прес конферениција градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков правејќи ретроспектива на целата документација.

Тој потенцира дека во 2020 година општината има потврдено ништовно решение за одобрението за градба, од страна на втроостеоениот орган, а сега мериторно се носи одлука со која одобрението за градба од 2016 година добива на правосилност.

Нема достапен опис

– На 23-ти декември 2016 година имаме правосилно одобрение за градба издадено за хоелот во Лагадин, врз основа на ништовно одоврение за градење донесено од страна на Општина Охрид на 15-ти март 2017 година, тогаш за првпат се прогласува за ништовно ова одобрение за градба, а после него до денес следат 10 ништовни одовренија за градба, а е прогласено за ништовно заради започнување со градба ненавремно и спротивно на одредбите од Законот за градење. Понатаму, следат жалби до второстепениот орган неколку на број, пред во 2020 година поточно 30-ти јануари 2020 година, тогаш имаме потврдено ништовно решение за одобрението за градба, значи нашата одлука ја потврдува втроостепениот орган од министерството за транспорт и врски. Против ова решение е покренат управен спор кај Управниот суд и повторно ја враќа на разгледување на првостепениот орган, односно Општина Охрид. Откако сум на функцијата градоначалник, на 9-ти јуни 2022 година е едното прогласување за ништовност и на тоа имаме од министерство за транспорт дека се понштува решението и предметот се враќа на првостепениот орган на повторна постапка, потенцира Пецаков.

Нема достапен опис

И во следната постапка повторно е прогласена ништовност на истото одобрение, за веќе со 10-то решение од министерството за транспорт и врски од 1. декември 2022 година кое станува правосилно на 1. март 2023 година и се поништува решението, без да се врати повторно на одлучување на првостепениот орган.

Како да постапи општината – праша Пецаков, кога веќе сето ова е дадено.

– Јас не разбирам зошто е повикот по мене, кога дозволија после10 решенија за ништовност да дадат мериторно и правосилно решение, дециден е охридскиот градоначалник.

Нема достапен опис

– За првпат во историја, барем за Општина Охрид, второстепената комисија на министерството за транспорт и врски одлучува мериторно. Меѓутоа, не како што кажува законот на вториот пат дека треба, туку одлучува 10-тиот пат и му дава правосилност истиот орган. Не јас, што значи дека истото одобрение што е издадено во 2016 година, сега стапува на сила, додаде Пецаков.

Во однос на прозивката од страна на министерката за култура по седницата на Националната комисија за УНЕСКО, Пецаков смета дека станува збор за незнаење, со оглед на тоа што го води ресорот култура, а не транспорт и врски.

Бидејќи процесот е отворен веќе седма година очекувано е инвеститорот да побара и отштета што дополнително би ја отежнало работата на Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука