Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

По повод светскиот ден на театарот, во понеделник претставата „Енергични луѓе“ во ЦК „Григор Прличев“

Охрид, 13. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – По повод светскиот ден на театарот, во понеделник, на 27-ми март 2023 година, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, Народниот театар Охрид, повторно ќе ја изведе претставата „Енергични луѓе“, според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски.

– Играат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска. Сценографијата и графичкиот дизајн се на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ, информираат од Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

Претставата, иако сместена во социјалистичките, 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.

Претставата ќе се игра со почеток во 20:00 часот, а билетите по цена од 200 денари можат да се купат во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука