Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Автопатот Охрид-Кичево во фокус на средбата помеѓу министерот Бочварски и кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо

Скопје/Охрид, 16. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска оствари средба со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо на која ги потенцираше проектите за изградба и реконструкција на патната мрежа во државава, посебно во делот на изградба на автопатската делница Кичево-Охрид и експресниот пат Фариш-Дреново.

– Денешната работна средба со амбасадорот Џанг Ѕуо ја искористив да поразговараме за капиталните проекти, динамиката на реализација и нивното значење за регионот. Посебен фокус ставив на проектите каде изведувач е кинеска компанија. Ја нагласив потребата и значењето од навременото завршување на овие проекти и нивното влијание во создавање на новата патна мрежа во регионот, изјави Бочварски.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека Бочварски изразил благодарност за досегашната соработка и ја нагласил потребата од интензивирање и во понатамошниот период. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука