ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Централниот регистар го одби барањето за усогласување на Здружението „Цар Борис III“, не биле доставени бараните документи

Скопје/Охрид, 16. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Централниот регистар на Република Македонија го одби барањето за усогласување на Здружението „Цар Борис III“, не биле доставени бараните документи.

– Во текот на денешниот ден донесено е Решение со кое барањето за усогласување од страна на Здружението „Цар Борис III“ од Охрид е одбиено, од причина што од страна на Здружението „Цар Борис III“ од Охрид до Централниот регистар во законски предвидениот рок од 30 дена не се доставени бараните документи дадени во Известувањето, во согласност со Законот за здруженија и фондации, информираат од Централен регистар.

За донесената одлука известено е и Министерството за правда, за негово понатамошно постапување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука