Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Нови успеси на ученици при ОСУ „Св. Климент Охридски“

Охрид, 17. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид информираат за новите успеси кои ги постигнаа нивни ученици.

Теодора Лазеска го освои првото место на државниот натпревар по филозофија кој се одржа на Филозофскиот факултет во Скопје на 11-ти март 2023 година. Покрај Лазеска, учествуваше и ученикот Марио Лука Николовски, под менторство на професорот по филозофија Јане Богоески.

Завиден успех, ученици на ова училиште постигнаа и на XXXI регионален натпревар по информатика, област програмирање, кој се одржа на 11-ти март 2023 година во Битола. Филип Ѓорѓески, IV година освои III награда, ментор Елизабета Левеска, Нина Стевоска III година ја освои IV награда, ментор Елизабета Левеска, Илија Волканоски I година освои III награда, ментор Ѓоко Доревски. Сите ученици се пласираа за Државниот натпревар по информатика. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/ОСУ „Св. Климент Охридски“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука