Забава Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

„Златна бубамара на популарноста“, златни и Андријана и Игор: „Ми заплакало селото Ваташа“ (Видео)

Скопје, 27. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Покрај стандардните шеги и смеа, годинешното издание на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ на Радио Бубамара го донесе и безвременскиот настап на Андријана Јаневска, Игор Џамбазов и хорот на АКУД „Мирче Ацев“.

Еден од најдобрите македонски вокали ја испеа „Ми заплакало селото Ваташа“, додека Џамбазов ја рецитираше „Цветови“ од Славко Јаневски.

Една од оние изведби кои се достојни за историја, кои ве замислуваат длабоко за суштината, за тоа кои сме, од каде сме и каде одиме.

Од срце и за УМ.

Секоја чест.

извор: ОхридПрес фото/видео: Радио Бубамара

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука