Економија Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Општина Охрид објави јавен повик за пријавување на локации поволни за инвестирање

Охрид, 28. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид во својот делокруг на работа а во врска со спроведување на  Г1 Програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година под точка 1.3. Промоција на можностите за инвестирање во општина Охрид има за цел подготовка и промоција на брошура „Инвестирајте во Охрид“ .

Оваа активност предвидува изработка на брошура за промоција на мерките кои се насочени кон поддршка на економијата, чија основна цел е стимулирање на инвестиции, технолошки развој и зголемување на конкурентноста на македонските компании, но и промоција на поволностите кои се на располагање привлекување странски инвестиции и поддршка на извозот, соопштија од локалната.

– Локациите кои се пријавуваат можат да бидат „Greenfield” и „Brownfield” што значи дека локациите може да бидат веќе постоечки капациети и градби или можат да бидат неизградена површина поволнна за отпочнување на градба или развивање на бизнис. Целта на пријавувањето може да биде продажба или изнајмување на локацијата на одредено време. Можат да се пријавуваат лица и компании кои имаат сопственост на истата и може да бидат во градска или рурална област

Пријавувањето на локација треба да се изврши преку образец за пријавување кој може да се спушти од веб страницата на општина Охрид и истиот треба да се поднесе во плик преку општинската архива на адреса најдоцна до 30.04.2023 година, ул. Димитар Влахов бр.57, 6000 Охрид, со назнака Апликација за „Инвестирајте во Охрид“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука