Избор Македонија Струга ТОП ВЕСТИ

Костадиновска-Стојчевска на „Ќафасан“ го пречека австрискиот претседател Ван дер Белен

Струга, 28. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на граничниот премин „Ќафасан“ го пречека претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен, кој на покана од претседателот Стево Пендаровски, денеска и утре престојува во официјална посета на Република Македонија.

Посакувајќи му добредојде на сојузниот претседател, Костадиновска-Стојчевска, како што соопшти Министерството за култура, ги истакнала добрите односи меѓу двете земји, вклучително и во областа на културата.

– Оваа официјална посета ќе даде дополнителен импулс во зацврстувањето на пријателските врски помеѓу Македонија и Австрија, истакна минисерката.

Таа, како што е наведено во соопштението, изразила задоволство што покрај официјалната програма, делегацијата ќе има можност да се запознае и со македонското современо творештво, со традицијата и, секако, со значајни културно-историски споменици и локалитети во Охрид и во Скопје. (Крај)

извор: МИА фото: МИА

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука