Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Награда за ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“ за видео кое беше дел од Глобалната кампања за климатски промени на НАТО

Охрид, 30. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од Глобалната кампања за климатски промени на НАТО, беше распишан конкурс за изработка на кратко видео во кое ќе бидат опфатени еколошки прашања и проблеми кои се закана за светот.

Ученици од четврта година при ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид зедоа учество на конкурсот, под менторство на професорката Марија Чанова, која организираше тим за изработка на видеото.

– За тим лидер беше избран ученикот Андреј Митрески, а учесници беа учениците од општествено-хуманистичко подрачје, комбинација Б од класот IV-4. Меѓународниот воен совет за клима и безбедност (IMCCS) со поддршка на Мисијата на САД во НАТО го избраа нашиот тим како еден од најуспешните во меѓународни рамки. По тој повод нашето видео ќе биде прикажано во кампањата #MyClimateSecurityStory и ќе има можност да учествува на виртуелна тркалезна маса со претставникот на САД во НАТО-Џулијан Смит и младата лидерка во НАТО-Катарина Кертисова на 21-ви април оваа година, информираат од ОСУ „Св. Климент Охридски“

Победничкиот тим освои хонорар од 500 долари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука