Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Бурни реакции на најава за јавна дебата за катна гаража, какви би биле кога Охрид би добил ваков објект?

Охрид, 31. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Самата најава за обична јавна дебата за потребата од катна гаража во Охрид, предизвика бројни реакции кај охриѓани, што одлично ја отсликува реалната потреба на градот од еден ваков објект и истата е помеѓу најчитаните на Facebook профилот на OhridPress деновиве.

– Јавната дебата ќе придонесе за дополнително запознавање на охридската јавност со едно од најекспонираните локални прашања изминатиов период. Поентите кои ќе произлезат од истата се очекува да ја зацврстат и подлабочат релацијата помеѓу граѓаните и локалната самоуправа, што би резултирало со потранспарентна и поотчетна локална власт, што е предуслов за добро владеење и демократски развој, потенцираат организаторите на дебатата.

Читатели на OhridPress коментираат дека станува збор за едно од омилените ветувања на сите досегашни градоначалници и го споредуваат целиот процес со изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Дел од граѓаните и посочуваат конретни локации за изградба во централното градско подрачје како најпогодни.

Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, во ноември минатата година откри дека катната гаража треба да се изгради на површина од 1.215 m2 со расположлив капацитет за гаражирање за повеќе од 150 возила во близина на Градскиот пазар. Тогаш тој најави дека за годинава се очекува одбрение за градба. За оваа катна гаража е изработена документација за градба и физибилити студија, извршена е експропријација на земјиштето и има одлука за трајно користење на земјиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука