Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Во јуни прво пријавување за упис во прва година, во охридските средни училишта има место за 919 полуматуранти

Охрид, 31. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2023/2024 година.

Согласно објавениот конкурс во четирите средношколски центри во Охрид ќе може да се запишат 919 полуматуранти.

Во Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ слободни има 272 места за идните средношколци, во гимназиско образование, впрочем идентично како и изминатите години.

На 14-ти и 15-ти јуни прво пријавување за упис во прва година, во охридските средни училишта има место за 912 полуматуранти

Во економското училиште „Свети Кирил и Методиј“ има зголемување на слободните места, па ќе може да се запишат 152 ученици од кои 118 во економско-правната и трговска струка и 34 во здравствената струка.

Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ има 277 слободни места, во 10 паралелки, според наставните планови и програми за машинска, електротехничка, сообраќајна струка и лични услуги.

Во ОУТУ „Ванчо Питошески“ во прва година може да се запишат 218 ученици, што е намалување во споредба со уписите за тековната учебна година. Учениците ќе бидат поделени во 8 паралелки и тоа во угостителско- туристичка и хемиско-технолошка струка.

Наставните програми во стручните училишта ќе се реализираат во соработка со повеќе охридски компании во зависност од струката.

Охридските полуматуранти при уписите за тековната учебна година беа позаинтересирани школувањето да го продолжат во стручните училишта отколку во гимназија.

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во јуни. Пријавувањето е преку електронско аплицирање, на линк до порталот за електронски услуги на МОН (https://e-uslugi.mon.gov.mk) со специјална најава за средношколци преку нивните сопствени кориснички сметки на Schools.mk.

Првото пријавување на учениците ќе биде на 20-ти јуни до 24:00 часот и на 21-ви јуни до 15:00 часот. Ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена на 22-ри јуни на https://euslugi.mon.gov.mk и на интернет-страницата на МОН (www.mon.gov.mk).

Потоа ќе се доставува потребената документација до училиштата, на 22-ри јуни од 12:00 до 19:00 часот и на 23-ти јуни од 07:00 до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од училиштето. Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места, како што е наведено во Конкурсот, ќе бидат обајвени на 24-ти јуни најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Второто пријавување на учениците ќе биде на 27-ми и 28-ми јуни, а ранг-листата на запишани ученици од ова пријавување ќе биде објавена на 29-ти јуни. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука