Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридската Гимназија домаќин на гости од Србија и Словенија во рамките на Еразмус плус проектот „Спортот и уметноста ја лечат душата“ (Видео)

Охрид, 4. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од 27-ми до 31-ви март 2023 година, Охридската гимназија беше домаќин на гости од Гимназијата „Младеновац“, Србија и гимназијата „Франц Миклошиќ“ од Љутомер, Словенија во рамките на Еразмус плус проектот „Спортот и уметноста ја лечат душата“.

– Учениците и професорите учествуваа на работилници за ментално здравје, твореа ликовни творби, рецитираа и правеа свеќи. Се запознаа со убавините на Охрид, Св. Наум, Струга, Вевчани и Скопје. Го посетија Музејот на современа уметност, Спомен куќата на мајка Тереза, Струшките вечери на поезијата, имаа можност да пробаат традиционални јадења и да заиграат оро, информираат од Охридската гимназија.

Додаваат дека Еразмус проектите се неверојатна можност за отварање нови видици и за учениците и за професорите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука