Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Средношколска крводарителска акција

Охрид, 5. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2023 година.

Во просториите на Службата за трансфузиона медицина во тек е средношколска крводарителска акција во која се вклучени учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“.

– Ги покануваме сите хумани средношколци да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, порачуваат од Црвениот крст.

Акцијата трае до 12:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука